Директорот на Samsung Electronics, Јанг Сон откри дека компанијата продала еден милион флексибилни Galaxy Fold уреди. Проценката е од октомври, кога веќе биле проддадени околу 500.000 примероци.
„Мислам дека ова е моментот кога можат да кажам дека продадовме милион вакви уреди. Постојат милион корисници кои сакаат да го користат овој уред од 2.000 долари“, истакна Сон.
Иако ова можеби не изгледа како голема бројка, не треба да се заборави дека Galaxy Fold е прв премиум модел во целосно нова категорија производи и екстремно е скап и недостапен за најголем број од корисниците.
Samsung вложи големи напори за овој уред што порано да го здогледа светлото на денот и компанијата доби навистина доста повратни информации кога е во прашање Galaxy Fold. Овој флексибилен уред најпрвин беше најавен на медиумскиот настан во февруари во Сан Франциско, заедно со Galaxy S10 серијата. Лансиран беше неколку месеци подоцна во април, кога оние што го тестираа брзо воочија повеќе проблеми, вклучувајќи го и екранот кој пука. Компанијата го повлече производот и подоцна во септември повторно го лансираше на пазарот. Новиот уред беше засилен и поиздржлив, иако и натаму имаше проблеми со дисплејот. И покрај тоа, од јужнокорејската компанија прилично се оптимистични.
Се верува дека веќе од следната година може да се очекува револуција на ова поле, а самиот Samsung очекува продажба од преку шест милиони флексибилни уреди во текот на 2020. година.
Поврзани артикли