Бесплатни обуки за најплатените IT професии на денешницата

Во тек е пријавувањето за бесплатни IT обуки кое трае до 20 декември 2019. Обуките се наменети за сите невработени лица на возраст до 34 години кои сакаат да се надградуваат и да добијат знаења за врвните технологии во најбрзо растечката индустрија во светот. Проектот е организиран од Агенција за вработување на Р.Македонија во соработка со Семос Едукација, кој се јавува како спроведувач на обуките.

Крајна цел на проектот е вработување на потенцијалните кандидати во индустријата која го движи светот, преку нивна преквалификација или доквалификација за една од најплатените IT професии, и стекнување на интернационално признаени сертификати и титули. Со неколку збора, проектот им овозможува на кандидатите почеток на нивната добро платена ИТ кариера.

Ги охрабруваме сите невработени лица, да се пријават за посета на еден од пакетите IT обуки и да ги посетат отворените денови кои се организираат во Семос Едукација во период од 12 до 18 декемврии да дознаат повеќе за кариерите кои можат да им го сменат животот на подобро.

Исто така ги повикуваме и сите компании кои имаат потреба од квалификуван IT кадар од наведените области, активно да земат учество како партнери во проектот.

Заинтересираните лица можат да одберат една од професиите кои во светот се најголем хит и за кои во моментов постои најголема побарувачка:

  1. Cloud Administrator

Модерна професија која е одговорна за IT инфраструктурата на најкористената Amazon Web Services Cloud платформа.

  1. ISTQB Software Tester

Број еден најпосетувана обука и почеток за сите кои сакаат да влезат во светот на софтвер тестингот.

  1. Automation Tester

Една од најактуелните работни позициии кои вклучуваат автоматско тестирање со Selenium WebDrive.

  1. System Engineer

Најбараната професија во светот која ќе му овозможи на кандидатот да ги разбере новитеMicrosoft и Cisco мрежни технологии и да стане администратор на компјутерски системи.

  1. UX Design Specialist

Хит занимање од креативната индустрија. Дизајн на прилагодлива веб страна и апликација.

Канидатите може да се пријават во канцелариите на Агенција за вработување на Р.Македонија, a обуките ќе се спроведуваат во Семос Едукација во период од 3 до 6 месеци. На обуката се користи официјална литература, кандидатите ќе бидат подготвени за сертификација и ќе се стекнат со меѓународно признаен сертификат.

Повеќе информации за јавниот повик, критериумите на збор, начинот на спроведување на обуките и постапката за аплицирање прочитајте на официјалната веб-страница на АВРМ или на следниот линк.