Неозначен запрен автомобил причина за страшен верижен судир во Калифорнија.

Застрашувачка верижна сообраќајна несреќа се случила во Калифорнија кон крајот на минатиот месец. На почетокот на видеото може да се види постара Nissan Altima запрена на автопат во раните утрински часови. Пред оваа несреќа, се чини дека Altima-та претходно учествувала во судир бидејќи може да се видат големи оштетувања на предното тркало.

Останува нејасно зошто на застанатиот автомобил не биле активирани четирите трепкачи, а камерманот се обидувал да ги предупреди возачите кои доаѓаат со насочено светло кон автомобилот. Иако тоа можеби било паметно, се чини дека било залудно со оглед на настаните кои следат потоа, односно многуте „блиски“ судари.

Во несреќата учествувале вкупно шест возила, но се чини дека повеќето возачи останале неповредени бидејќи само две лица се пренесени во болница со полесни повреди, барем така наведуваат локалните медиуми.

Извор: Додај Гас