Кога ќе се спомене брендот Nokia, поголем дел од нас веднаш помислуваат на паметни телефони. Меѓутоа, се чини дека компанијата се шири, но барем им го лиценцира своето име на третите ритејлери, за на тој начин да се шири.
Како што извести Gadgets 360, индиската компанија Flipkart е овластена да го користи брендот Nokia за своите паметни телевизори, „прв светски бренд во категоријата телевизори“, како што тврди Flipkart, кој е водечки e-commerce продавач во Индија.
Nokia Ultra HD (4K) LED Smart Android телевизорот од 55 инчи ќе има два звучника од 24 вати како дел од озвучувањето на компанијата JBL. Flipkart тврди дека телевизорот работи на оперативен систем базиран на Android. Телевизорот, исто така, има 16:9 екран со брзина на освежување од 60 Hz, поддршка за Dolby Vision и HDR10, три HDMI приклучоци и два USB порта.
Овој прв TV под брендот Nokia ќе се продава за 41.999 индиски рупи (што е околи 589 американски долари). Според Gadgets 360, ќе биде достапен од 10. декември.