Понекогаш наједноставните решенија се најдобри. Ова тврдење го докажува производот кој би можеле да го наречеме USB кондом. Неодамна пишувавме на темата за безбедност на полнење на уредите на јавните полначи. Токму за таа намена е наменет овој производ.
Неговото официјално име е SyncStop и претставува ефикасно и евтино решение за потенцијалните проблеми на кражба на податоци, кога вашите уреди се поврзани на незаштитените и несигурни уреди за полнење. Тоа е додаток кој се поставува помеѓу USB кабелот и јавниот полнач и на тој начин се спречува било која можност за кражба на податоци.
Идејата е толку едноставна што можеме да се запрашаме како и самите не сме се сетиле на тоа. Уредот го блокира било кој сообраќај што поминува низ USB кабелот, така што дозволува само низ него да поминува струјам најверојатно на тој начин што физички се поврзани само два напојни пина на USB конекторите. А сето тоа чини само 6,99 долари.
Ова е решение кое сигурно ќе им се допадне на деловните луѓе кои често патуваат и кои поминуваат доста време на станиците и аеродоромите, фриленесерите кои работат во заедничките работни простори или во кафулињата… Примените се многубројни и веруваме дека секој од нас може да пронајде барем еден начин за да го искористи.
Поврзани артикли