Предавање: Војна на ѕвездите – Астрофизиката го возвраќа ударот

Имагинација е нешто што со сигурност не недостасува во „Војна на ѕвездите“. Далечната галаксија изобилува со најразлични суштества, огромни вселенски бродови, смртоносни ѕвезди направени од човечка рака и изобилство на светови со навидум чудни карактеристики. Но, едно нешто е заедничко за сите планети и месечини. Додека на Земјата имаме најразновидни биоми, како шуми, пустини, или замрзнати пространства, планетите во „Војна на Ѕвездите“ најчесто можат да се опишаат само со една придавка. Ледената планета Hoth никогаш не се топи. На пустинската планета Tatooine никогаш не паѓа дожд. Mustafar e целосно прекриена со лава. Лук го започнува својот тренинг на мочурливата Dagobah. Овде се поставува прашањето дали моно-екосистемите од „Војна на Ѕвездите“ можат да постојат онака како што се опишани во филмовите? Иако многу елементи во сагата се чиста научна фантастика, дали истото се однесува и на планетите или тие се покоруваат на законите на модерната астрофизика?

Деветтото предавање од популарниот циклус на Скопско Астрономско Друштво ќе се одржи во четврток, со почеток во 20 часот, во Амфитеатарот при Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Цената на влезницата изнесува 100 денари, а за членовите на Скопско Астрономско Друштво и за студентите од ФЕИТ, Машински факултет и ФИНКИ – Скопје, влезот ќе чини 50 денари (притоа посетителот треба да покаже членска карта или индекс).

Билетите се купуваат пред почетокот на предавањето, на влезот на амфитеатарот, и не е потребна претходна најава. Се замолуваат посетителите дојдат 10 минути пред почетокот, како би можеле навремено да купат билет и да се сместат во амфитеатарот пред почетокот на предавањето.