Топењето на ледената покривка на Гренланд го подигна нивото на морето за 10,6 милиметри од 1992 година, објавија научниците во списанието „Нејчр“.

Околу 3.800 тони мраз се стопи од 1992 до 2018 година и се влеа во морето, објави група од 89 научници од 50 меѓународни организации.

Установено е дека Гренланд губи мраз седум пати побрзо отколку во 90-тите години. Меѓународниот тим дојде до овој резултат со преглед на сите сателитски снимки забележени во период од 26 години. Истражувањето го водеа Ендру Шепард од Универзитетот во Лидс и Ерик Ивинс од НАСА-лабораторијата во Пасадена.

Ако мразот на Гренланд продолжи да се топи со ова темпо, нивото на морето би можело да се искачи за 20 сантиметри до 2100 година.

Милиони луѓе кои живеат во пониските крајбрежни региони се изложени на ризик од поплавување.