Дали 64 GB е доволно слободен простор за податоци во 2019. година?

Една од основните и најважни карактеристики на било кој паметен телефон е просторот за складирање кој го нуди. Не е посебно забавно или возбудливо, но игра пресудна улога во осигурувањето дека својот нов уред ќе можете да го користите како што сакате.

Расположливиот простор на смартфонот е всушност се побитен. Апликациите со секој нов апдејт стануваат се „потешки“, игрите исто така, да не зборуваме за фотографиите и видео фајловите кои ги креираат паметните телефони.

Додајте ги на тоа и сите оние филмови, серии и музика кои сакате да ги имате во секој момент на располагање и не е ни чудо што на многу корисници веќе после неколку месеци им снемува простор на телефонот. На некои им е доста 128 GB, додека на други им се малку и 512 GB.

Многу смартфони, како што се Pixel 4 и iPhone 11 и натаму се испорачуваат со 64 GB простор за складирање.

Што велите вие? Колку е доволно?