Паметниот телефон секогаш го носиме со себе, го користиме за испраќање пораки, како будилник, на него слушаме музика, пребаруваме на интернет, ни служи за навигација, користиме календар или социјални мрежи, правиме фотографии, видеа…
Смартфоните нудат бројни карактеристики кои стануваат попопуларни од изворните цели на уредот. Затоа најновото истражување на LG покажува дека корисниците, своите мобилни телефони почесто ги користат за фотографирање отколку за воспоставување на повици.
LG ги истражуваше навиките на корисници на мобилни телефони во САД и Јужна Кореја: каква содржина споделуваат, што им смета и што очекуваат од мобилната камера.
Така, 87% од испитаниците рекле дека фотографираат со својот мобилен уред најмалку еднаш неделно, додека само 82% од испитаниците изјавиле дека толку често ја користат опцијата за повик. Овие бројки покажуваат дека почеста е употребата на камера отколку опцијата за повик, или присуството на социјаните мрежи е 80%.
Истражувањата покажаа дека 61% од испитаниците претпочитаат да испратат слика наместо текстуална порака за да пренесат информации. Селфито е најпопуларно во САД, додека Корејците повеќе објавуваат фотографии од храна и патувања на социјалните мрежи.
Учесниците во истражувањето навеле каква треба да биде идеалната камера на паметниот телефон. Најголемиот одговор е дека треба да постои компромис кога станува збор за квалитетот на сликата при зумирање, и квалитет кога се фотографира во неповолни светлосни услови.
Корисниците би сакале да направат фотографии од ист предмет или личност од различни агли и растојанија и да имаат добар квалитет заедно со позадината на истата слика. Речиси 50% од испитаниците би сакале да направат професионални фотографии користејќи ги своите паметни телефони.
Според ова истражување на LG, двојно е поголема веројатноста дека жените, а не мажите, ќе го земат предвид квалитетот на камерата при изборот на телефон.