MMD, лиценциран бренд партнер за Philips монитори, го објави Philips Mod 276C8 LCD монитор со USB-C приклучок. Мониторот го карактеризира CrystalClear QHD 2560 x 1440p резолуција, додека IPS технологијата овозможува широки агли на гледање и висока прецизност на бои.

Мониторот има освежување од 75Hz, а Zero Bezel изгледот без рамки нуди естетски атрактивен дизајн, како и подобар приказ на содржини и поголема работна површина. Дебелината на мониторот е само 6,1 милиметри, а целосното дизајнерско решение доби 2018 Red Dot Design Award, која ги краси најдобрите дизајни.

Philips 276C8 мониторот го карактеризираат и бројни иновативни технологии, меѓу кои е 3D графиката, Ultra Wide-Color со широк спектар на приказ на бои, а за гејминг ентузијастите тука е AMD FreeSync поддршката.

За мултитаскинг корисниците, интересна ќе биде имплементацијата на USB 3.2 конекторот, кој овозможува брз пренос на податоци, преглед на видеа со висока резолуција и можност за полнење на компатибилни лаптопи преку мониторот.