Извршниот директор на Google, Сундар Пичаи ќе го замени Лари Пејџ како извршен директор на матичната компанија „Alphabet“, соопшти компанијата. Пејџ и Сергеј Брин, кои ја основаа компанијата пред 21 година, се повлекуваат.
– Иако беше огромна привилегија да се биде длабоко вклучен во секојдневното управување со компанијата толку долго, сметаме дека е време да ја преземеме улогата на горди родители, нудејќи совети и љубов, но не и дневно приговарање, напишаа Пејџ и Брин во блог.
Како што пренесуваат странските медиуми, Пејџ сакаше да се фокусира на новите компании додека оперативните одлуки во најголемата единица на „Alphabet“ – „Google“ ги препушти на Пичаи.
Пејџ и Брин ќе останат директори, но ќе се повлечат од функцијата извршен директор, соопштија од „Alphabet“.
Поврзани артикли