Изминатите месеци веќе можешеда се слушне дека Starlink констелацијата на сателити влијае на гледањето на вселената, па амбициозниот Space X проект во иднина би можел сериозно да ги загрози астрономските проучувања, бидејќи е планирано во вселената да се испраќаат 42.000 сателити кои би требало да обезбедат интернет конекција за сите делови од светот.

Истражувачите на небеските тела се веќе загрижени, а последните дождови на метеори влијаеа на тоа да станат уште покритични кон проектот на Space X. Имено, набљудувањето на реткиот „Unicorn“ дожд од метеори е прекинато со низата Starlink сателити, и сателитиските единици можат да се видат и на снимката. Експертите истакнуваат дека ќе биде неопходно да се промени начинот на кој се трага по метеорите, и пишувањето на софтверите кои служат за детектирање на овие небески тела, бидејќи на се повеќе снимки можат да се видат проблематичните сателити.