Речиси секоја позната галаксија, како и нашиот Млечен Пат, има супермасивна црна дупка во центарот. Повремено астрономите забележуваат пар црни дупки заедно, знак дека две галаксии се спојуваат во една.
Но, сега меѓународен истражувачки тим ја откри првата позната галаксија што има три црни дупки и може да објасни како некои галаксии толку брзо стануваат толку големи.
Со децении астрономите веруваа дека галаксијата „NGC 6240“ содржи две супермасивни црни дупки. Но, според нова студија објавена во списанието „Астрономи енд астрофизикс“, истражувачите ја набљудувале галаксијата со спектроскопски уред на многу големиот телескоп на Европската јужна опсерваторија. Изненадувачки резултат: галаксијата изгледа е дом не на две, туку на три црни дупки – секоја со маса поголема од 90 милиони Сонца.
Откритието е значајно не само за разбирање на галаксијата. Астрономите долго време се прашуваа како најмасивните галаксии во нашиот универзум се формирале за само 14 милијарди години од Големата експлозија. Сега изгледа дека одговорот можеби е тоа што нивната еволуција вклучувала истовремено спојување на повеќе галаксии.
Извор: Futurism