Според наводите на DigiTimes, Apple прогнозира дека во текот на 2020. година, iPhone испораката ќе достигне 100 милиони примероци, а на ова ќе влијае новиот дизајн на уредите и нивната поддршка за 5G.
Се работи за прилично оптимистички прогнози, со оглед на тоа дека во претходната година имавме константен пад на глобалната испорака на телефони. Само за споредба, Apple прогнозираше испорака од околу 80 милиони модели од iPhone 11 серијата. Овој пат, Apple е оптимистичен дека повеќе корисници ќе бидат подготвени на надградба поради новиот редизајн и 5G поддршка.
Во текот на последните неколку години, продажбата нa iPhone стагнира, така што остануба да се види дали новиот дизајн и функции ќе бидат доволни да привлечат поголем број купувачи во текот на следната година. Според гласините, Apple во текот на 2020. година ќе претѕстави вкупно четири iPhone модели: iPhone 12, 12Pro/12 Pro Max и долгоочекуваниот SE 2.
Поврзани артикли