Лансирањето првично беше закажано за 27 мај, но беше одложено поради ситни проблеми назначени од автоматските сензори.

Русија лансираше ракета со 36 комуникациски сателити од новиот космодром Восточни на Далечниот исток во орбитата на Земјата.

Во орбитата на Земјата, четири сателити најпрво успешно се одделија од ракетата Сојуз-2.1б, изјави компанијата Роскосмос, а потоа уште четири, што го потврди и нејзиниот директор Дмитриј Рогозин, пренесува агенцијата ТАСС.

Сателитите се одделени во неколку фази, а целиот процес треба да трае три часа и 51 минута.

Комуникациските сателити „VanWeb“ (OneWeb) беа лансирани по седми пат синоќа, што воедно беше четврто целосно комерцијално лансирање од космодромот Восточни.

По вчерашното лансирање, во орбитата на Земјата ќе има 218 сателити „ВанВеб“.

Лансирањето првично беше закажано за 27 мај, но беше одложено поради ситни проблеми назначени од автоматските сензори.

Подоцна, компанијата „Аријанеспејс“, операторот за лансирање, изјави дека електричната опрема на ракетата „Сојуз-2.1б“ треба да биде заменета пред лансирањето.