Компанијата HiSense секако е најпозната по своите телевизори, но произведува и мобилни телефони. Rock серијата на компанијата се фокусира на достапните телефони со долг работен век на батеријата. Најновиот модел во серијата само што е најавен, а во прашање е HiSense Rock 6.

HiSense Rock 6 го карактеризира голема батерија со капацитет од 5510mAh, а пристигнува и со дополнителна футрола за батеријата, која овозможува уште 4500mAh. Вкупно, Rock 6 нуди капацитет од 10010mAh кога е во прашање батеријата. Куќиштето/футролата користи пого понови на задната страна на телефонот за да обезбеди дополнителен капацитет на батеријата, за кој компанијата тврди дека овозможува користење до шест дена со само едно полнење.

Дисплејот на смартфонот е со големина од 6,52 инчи и нуди 72оp+ резолуција. Чипсетот кој го покренува телефонот е MediaTek Helio P60, а комбинацијата од меморија и происторот за складирање е 4GB RAM + 64GB интерна меморија.