Пред извесно време се сугерираше дека постои 5G телефон од компанијата Realme, а сега е потврдено името на уредот и некои од неговите карактеристики. Судејќи според се, првиот 5G смартфон на Realme ќе се вика Realme X50 5G.
Објавен е и промотивен постер за Realme X50, а фотографијата сугерира поддршка dual-mode 5G поддршка. Видлива е и имплементација на двојната punch-hole селфи-камера, што стана и тренд на Realme телефоните во последно време. Слични решенија се очекуваат и на претстојните модели Redmi K30, Huawei Nova 6, Honor V30 и OnePlus 8.
Кога станува збор за датумот на објавување, Realme X50 најверојатно ќе биде лансиран во текот на првиот квартал на 2020. година. Ова засега се сите информации што се достапни на телефонот Realme X50 5G.
Неодамна објавениот премиум модел Realme X2 Pro ќе го добие ажурирањето ColorOS 7 на 18 декември, а се очекува кинеската компанија потоа да објави повеќе детали за претстојниот Realme X50.
Поврзани артикли