На милиони корисници на паметни уреди во светот еден од поголемите проблеми им е слабата конекција на интернет и непотребното спојување на мобилниот телефон на лош сигнал на WiFi.

Но, компанијата Apple најави дека со оперативниот систем iOS 11 планира да го реши овој проблем.

Многу мобилни телефони автоматски помнат некоја интернет конекција за да можат повторно да се поврзат на неа. Најчесто на многумина тоа добро им доаѓа ако секојдневно се движат по исти кафулиња, трговски центри или ресторани.

Меѓутоа тоа знае да биде и многу лошо бидејќи WiFi сигналот кога е вклучен, константно бара интернет на кој може да се поврзе. Некогаш му е доволен многу слаб сигнал за да се активира, што на корисниците не им помага бидејќи не можат ниту да го покренат пребарувачот, а камо ли пак апликациите.