Во последно време се појавуваат сè повеќе холограми, па дури и пристигнаа во циркус, кој наместо вистински слонови ги прикажува оние кои настанале токму од оваа технологија. Истражувачите од Универзитетот во Сасекс отидоа уште подалеку, создавајќи холограми кои не само што можат да се видат, туку и да се слушнат и да се допрат.
Во извештајот што го опишува овој проект се зборува за уредот кој го доби името Multimodal Acoustic Trap Display (MATD), и кој користи ултразвучни бранови за поместување за полистренската нишка која мапира облик на холограм, кој потоа се пополнува со црвени, сини и зелени LED светла. Бидејќи нишката се движи многу брзо, човечкото око може да ја види само конечната форма на холограмот, што потсетува на технологија во рамките на која голем број неподвежни фрејмови формираат подвижна слика. Ултразвучните бранови покрај сликата нудат и звук, и чувство на физичка сензација што остава впечаток дека холограмот може да се допре.
Креаторите на новиот холограм планираат систем со уште повеќе нишки што би обезбедиле подетални слики, и целокупно искуство, и посочуваат дека ова не е далеку од реалноста, бидејќи прототипот е создаден од достапните компоненти за кои не се потребни многу вложувања.