Компанијата Google го зголеми износот на наградата што ја нуди за откривање багови и безбедносни пропусти на некои од своите смартфони, од 200.000 на максимални 1,5 милион долари.
Според BBC, најголемата награда е предвидена за оние кои ќе најдат баг на безбедносниот чип Titan M што е дел од смартфонот Pixel на Google, а треба да исполнуваат и неколку критериуми.
Google соопшти дека од 2015 година има исплатено повеќе од 4 милиони долари на луѓе кои откриле багови.
Компаниите ги охрабруваат корисниците да ги пријавуваат пропустите за да може да се работи на нив, пред да дојдат во рацете на криминалци кои би ги злоупотребиле.
Извор: Klix.ba