Темна материја и темна енергија се два концепти кои, освен придавката „темна“, немаат ништо заедничко бидејќи се воведени за да опишат различни особини на Вселената. Повелете на предавањето на кое ќе зборуваме за тие особини и за предизвиците со кои се соочуваат моделите за темниот Универзум.
Осмото предавање од популарниот циклус на Скопско Астрономско Друштво ќе се одржи во четврток, со почеток во 20 часот, во Амфитеатарот при Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Цената на влезницата изнесува 100 денари, а за членовите на Скопско Астрономско Друштво и за студентите од ФЕИТ, Машински факултет и ФИНКИ – Скопје, влезот ќе чини 50 денари (притоа посетителот треба да покаже членска карта или индекс).
Билетите се купуваат пред почетокот на предавањето, на влезот на амфитеатарот, и не е потребна претходна најава. Се замолуваат посетителите дојдат 10 минути пред почетокот, како би можеле навремено да купат билет и да се сместат во амфитеатарот пред почетокот на предавањето.
Поврзани артикли