Во градот Хејуан на југот на кинеската провинција Гуангдонг, „отпечатена“ е една од најголемите деловни згради во светот во 3D, пренесува RT.

Оваа зграда, која е висока 7,2 метри и која се простира на 230 квадратни метри е изградена со оваа футуристичка технологија. На печатачот му беа потребни само 60 часа да се заврши овој комплексен проект.

Со помош на овие печатачи, времето за изградба во просек е намалено од два месеци на околу пет дена и ги намали трошоци за 40 проценти.

Проценетиот век на траење на овие згради е до пет децении.