Се појавуваат се повеќе и повеќе информации во врска со телефоните Huawei P40 серијата, а најновите предвидувања ни ги дава реномираниот аналитичар Минг-Чи Куо.Иако Куо е најпознат по предвидувањата во врска со уредите на Apple, овој пат ни дава детали за камерите на Huawei P40 Pro моделот.

Според наводите на Куо, новиот Huawei P40 Pro ќе биде првиот уред на кинеската компанија, кој ќе има камера со 10х оптички зум. Ова ќе биде можно преку 8MP перископ зум камерата, со f 4.0 отвор на блендата. Новиот перископ сензор ќе имплементира комбинација на структура на призма и огледала, што на камерата ќе и овозможи проширено видно поле на камерата.

Стандардниот Huawei P40 би можел да пристигне со истиот 5x оптички зум како P30 серијата.

Минг-Чи Куо, исто така, истакнува дека верува дека цената на Huawei P40 серијата ќе се движи помеѓу 570 и 713 долари, дозволувајќи му на Huawei следната година да испорачува уште повеќе смартфони отколку во 2019 година.