Една од најпопуларните апликации за допишување WhatsApp воведува промена која на многумина нема да им се допадне.

Уште минатата година најавија воведување реклами во статусите, а сега открија детали за тоа кога ќе ја воведат оваа промена и како тоа ќе изгледа.

Рекламите во апликацијата ќе се прикажуваат во текот на 2020. година, а за почеток ќе се прикажуваат огласи во статусот. Ќе изгледаат како оние на Facebook или Instagram Stories и ќе бидат прикажувани преку целиот екран, а наместо името на корисникот ќе биде името на брендот кој се рекламира.

Со повлекување на прстот по екранот ќе можете да го отворите линкот кој ќе води до повеќе информации за производот или на страницата за купување.