Пред околу една година, со помош на Williams, JCB состави трактор со кој тргна во поход за рушење на брзинскиот рекорд. Се движеше со околу 166 km/h и се запиша како најбрз трактор во светот. Сега повторно е во акција за подобрување на резултатот. Пет тонскиот тешкаш управуван од 7.2-литарски дизел мотор во просек вози 217.570 km/h, додека најголемата регистрирана брзина е дури 247,47 km/h!
Доволно за влез во книгата на рекорди и веројатно да остане таму со години, освен, нели, ако догодина не излезе повторно да го подобри.
За жал и покрај своите 1.000 КС и 2.500 Nm моќ, овој трактор не може да направи многу освен да вози брзо.
Congratulations to @guymartinracing and @JCBmachines – a new fastest tractor record at an incredible 135.191 mph (217.570 km/h) ?? https://t.co/gGP5Gb9vip
— GuinnessWorldRecords (@GWR) November 18, 2019
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли