Facebook наскоро ќе промовира нова функционалност во најпопуларната социјалната мрежа. Функцијата се вика Popular Photos и до одреден степен ќе личи на секцијата за пребарување на Instagram. Во моментот при отворање на фотографија од news feed во Facebook, ќе се добие изглед со црни рамки околу неа, и со кликнување или влечење се може да се вратите на главниот изглед.

Со Popular Photos, со „скролање“ ќе имате пристап до повеќе фотографии од вашите пријатели и други јавни објави. За избирање на сликите што ќе се најдат во соодветниот поток се користи специјален софтверски алгоритам. Добрата работа за ова е што текстот што го гледате на фотографијата е ограничен на 65 карактери.

По начин на работа, Popular Photos потсетува многу на посебната секција за видеоснимки на Facebook, претставена пред некое време. Социјалната мрежа ја тестираше новата функционалност во октомври, во која беа опфатени ограничен број корисници. Резултатите во моментот се разгледуваат и се очекува да се донесе одлука за тоа кога таа ќе се воведе за сите.