Гаџет што го претвора вашиот прст во телефонска слушалка (ВИДЕО)

Јужнокорејската компанија Innomdle Lab го разви дигитализираниот ремен за часовник, SGNL со чија помош човечката рака се претвора во слушалка, а корисникот разговара на мобилен со едноставен притисок од прстот на увото.

Станува збор за иновативен принцип на работа, ремен наменет за паметни и обични часовници што му овозможува на корисникот да ги спои мобилниот и паметниот часовник, а кога некој ќе го побара едноставно да го притисне копчето на ременот на часовникот и да го стави прстот на уво за да разговара со другата личност. Компанијата покрена кампања на Kickstarter барајќи 50.000 долази за финиширање на производот.