Microsoft објави дека ќе ja исфрли Cortana апликацијата за iOS и Android, вклучувајќи ја и Cortana во рамките на Microsoft Launcher. Тоа ќе се случи на почетокот на следната година на некои пазари. Сè уште не е јасно за кои пазари станува збор, меѓутоа, она што е сигурно е дека ова е почеток на отстранување на Cortana како стандарден дигитален асистент за секого и инкорпорирање во Microsoft 365 екосистемот како лично помагало во бизнисот.

Со цел за ажурирање за унапредување на своите деловни алатки, Microsoft почнува стратегија за воведување на Cortana во рамките на своите Outlook, Teams и други алатки.

Апликацијата Cortana треба да престане да работи на 31. јануари 2021 година на мобилните уреди, меѓутоа Cortana на компјутер не само што нема да престане да работи, туку ќе добие и апдејт со новото ажурирање Windows 10 20H1.