Компанијата Google соопшти дека најновата генерација на апликацијата за лични пораки, Messages, за корисниците на Android во САД, ќе биде збогатена со Rich Communication Services (RCS).
Ова значи дека апликацијата за пораки, која обично се смета за наследничка на традиционалните СМС-пораки со проширени можности, всушност станува конкурент на апликации како WhatsApp и Viber.
Нејзините нови можности се да поддржува континуиран прием и испраќање пораки, како и можност за испраќање и примање фотографии, видеа и стикери со висока резолуција.
Покрај тоа, RCS носи и дополнителни можности како додавање и отстранување на луѓе од разговори или промена на името на разговорот поради полесна навигација, пренесува „Танјуг“.
Новите ознаки доаѓаат како бесплатна надградба на апликацијата Messages , која обично доаѓа како претходно инсталирана на повеќето уреди кои користат Android, а може и да се преземе бесплатно од Google Play Store.
Google најавува дека проширените функции ќе бидат достапни и во други земји до крајот на годината.