Еден од основачите на Wikipedia, Џими Велс, сака да направи алтернатива на Facebook и Twitter,

Уште пред две години Велс ја лансираше „Wikitribune“, онлајн публикација чија цел е борба против лажните вести.

Со оглед на тоа дека тој проект никогаш не заживеа, Велс реши да ја промени стратегијата. Wikitribune беше преобразен во „WT:Social“, социјална мрежа и платформа за споделување вести.

Тој се надева дека со текот на времето оваа социјална мрежа ќе стане популарна како Facebook и Twitter, затоа што по углед на нив корисниците можат на споделуваат постови.

„WT:Social“ ќе биде финансиран со донации, а не со реклами.

За разлика од Facebook и Twitter кои постовите ги прикажуваат според популарност, оваа социјална мрежа секогаш ќе ги прикажува прво најновите постови.

Иако е стара само месец дена, новата социјална мрежа веќе има 50.000 корисници.