Компанијата Samsung ги советува своите потрошувачи да водат грижа за своите најнови телевизори и редовно да ги скенираат за вируси.

Samsung на својот твитер-профил објави видео со инструкции за активација на скенирањето, кое ги демонстрира чекорите со помош на далечинскиот управувач.

Компанијата им предлага на корисниците да ги скренираат своите елетронски уреди на неколку недели со цел да спречат вируси.

Овој предлог на Samsung предизвика чудење меѓу експертите за сајбер-безбедност, кои велат дека потрошувачите не би минувале низ таа мака.

На прашањето дали постои конкретна закана поради која компанијата го објавила ова видео, од Samsung одговараат дека го објавиле од едукативни причини.

Видеото имаше околу 200.000 прегледи, но сепак подоцна беше избришано.

„Нашата компанија безбедноста ја сфаќа многу сериозно. Ние сакаме да ги информираме нашите потрошувачи за потенцијалните закани, но и како може да се заштитат од нив,“ соопштија од Samsung.