Кон крајот на минатиот месец, Apple ја претстави новата генерација на безжични слушалки AirPods. Новите AirPods Pro донесуваат и нов дизајн, active noise cancelation и други технологии и подобрувања, а со тоа и повисока цена во однос на стандардните AirPods. Додека Apple бара 249 долари за AirPods Pro, има компании кои за препакување на слушалките бараат многу пати повеќе, како што е Caviar.
Компанијата одлучи дека AirPods Pro слушалките не се доволно елегантни, па пластичните куќишта во поголем дел од случаите ги заменија со поскапи материјали, од змиска и алигаторска кожа, па се до 18-каратно злато. Вторите се особено скапи – Caviar AirPods Pro Gold Edition слушалките чинат 67.290 долари.
На оваа цена влијание количината на злато што е потребно за нивна изработка, како и од фактот дека куќиштето за слушалките и кутиите за носење и полнење се направени од едно парче. Верувале или не, на официјалната веб-страница на производителот се вели дека златното издание е распродадено.
Оние поевтините, облечени во питонска и алигаторска кожа, сè уште се во продажба. Во зависност од кожата и бојата, нивната цена се движи од 1.310 до 1.540 долари. Покрај изборот на материјали, во Caviar биле имагинативни и при именувањето на секој модел – Confidence, Grandeur, Prosperity, Grace, Delicious i Crystal.
Инаку, AirPods Pro Gold Edition слушалките добро се ссложуваат со Victory Diamond и Universe Diamond изданието на iPhone 11 Pro од истиот производител. Нивната цена, исто така, е во опсегот на цените на слушалките, па дури и повисока – од 61.840 до 91.440 долари.