Nokia одлучи да го прошири својот бизнис во уште една насока, во областа на паметните телевизори. Сепак, компанијата ќе биде претпазлива и нема да тргне со глобална понуда, туку ограничена, само за купувачите од Индија.
На тамошниот пазар, своите паметни телевизори ќе ги нудат преку индискиот Flipkart. Сè уште нема премногу технички податоци за телевизорите на Nokia, но некои ставки сепак се се познати.
Овие денови, во медиумите почнаа да се појавуваат информации дека телевизорите на Nokia ќе имаат 4K Ultra HD дисплеј. Засега се споменува само една дијагонала на екранот од 55 инчи. Што се однесува до технологијата, телевизорите на Nokia ќе имаат JBL Audio технологија и интелигентна Dimming технологија, која врз основа на посебен алгоритам ќе нуди подобар контраст и „подлабока“ црна боја во однос на конкуренцијата.
Nokia Smart TV ќе се заснова на Android платформата, поточно на Android 9.0 Pie. Изворот наведува дека ќе има поддршка за Google Play, што значи дека корисниците ќе имаат пристап до мноштво Android апликации кои ќе можат да го подобрат своето мултимедијално искуство. Официјалното претставување се очекува во текот на декември 2019 година.