Ако го прашате Facebook, очигледно не е потребно да се знае точната лозинка за да се логирате на својот профил.

Се чини дека во Facebook немаат најдобар однос кон чувањето на лозинките на своите корисници и нивна заштита. Неодамна беше откриено дека милиони лозинки на корисниците биле чувани во обична текстуална форма, зачувани на серверите и достапни за сите што работеле во Facebook и Instagram.

Но, проблемот што случајно е откриен би можел да им предизвика уште поголеми главоболки на корисниците. Имено, еден корисник на Twitter објави дека ако со вашата постојна лозинка на Facebook додадете кој било друг знак, Facebook без проблем ќе ве остави да се логирате на вашиот профил.

Пропустот „функционира“ само ако на точната лозинка е додаден уште еден знак. Доколку се додадат два или повеќе знаци, Facebook ќе препознае дека станува збор за погрешна лозинка. Истото функционира и на Instagram.

Иако на прв поглед не изгледа како голем проблем бидејќи и така морате да ги знаете точното корисничко име и точната лозинка, ова го отвора прашањето за целосната безбедност на Facebook. Очигледно е дека е потребно да ја знаете точната лозинка за да влезете на вашите профили, но како да знаеме дека нашите податоци се заштитени?

Извор: Tportal.hr