Инспекторите на американската државата Њујорк го истражуваат Goldman Sachs, издавачот на кредитната картичка Apple Card, поради можна сексуална дискриминација кога станува збор за кредитните лимити.

Истрагата е поттикната од серијата вирални твитови од веб-програмери под името Дејвид Хајнемаер Хансон, кои се однесуваат на алгоритмите што се користат за Apple Card, а кои Goldman Sachs ги одржува во име на Apple.

Хансон рече дека кредитната картичка му дава ограничување дури 20 пати поголемo од неговата сопруга, иако таа има повисок кредитен скор. Тој алгоритмот го нарече дискриминаторски.

Хансон не ја откри висината на приходите, но рече дека тој и сопругата се долго време во брак, како и дека ги делат даночните обврски и недвижнини. Тој рече дека поплаките за нејзиниот кредитен лимит биле игнорирани. Кога конечно бил зголемен лимитот, без промена на системот, тој изјави дека тоа бил обид да се подмити еден „гласен“ корисник, за Apple да не мора да го менува својот лош алгоритам.

Портпаролот на службата за финансиски услуги на државата Њујорк потврди дека случајот ќе биде истражен. Тој изјави дека службата е загрижена околу потенцијалната дискриминација и дека истрагата ќе утврди дали е прекршен законот на државата Њујорк, како и дали сите корисници на Apple Card се третираат еднакво.