Елон Маск се обидува да и продаде електрично возило на американската војска, кое веќе стана познато како Tesla Cybertruck, а новиот товарен автомобил би можел во не така далечна иднина да се најде во воените редови.
Компанијата Tesla веќе соработува со воздухопловните сили на САД, а Маск одлучи во понудата да проба да вклучи и целосно електричен камион, кое спаѓа во возилата за превоз на товар, бидејќи најголем дел го зазема токму просторот за пакување на стока. Возилото е опишано како нешто што пристигнало од научно-фантастичните филмови, а Маск истакнува дека најверојатно нема да биде наменето за цивилните лица.
Што се однесува до капацитетот и можностите на возилото, можно е да се слушне дека по едно полнење ќе може да поминува растојание помеѓу 700 и 800 километри, а се очекува цената да биде нешто под 50.000 долари. Cybertruck е предвидено да се појави до крајот на ноември, а експертите истакнуваат дека војската наскоро ќе премине на електрични возила, и дека најмногу би им одговарале оние со најголем опсег на еднократно движење.