Многу држави воведуваат различни отстапки, за да ги стимулираат своите жители да избираат повеќе еколошки возила и хибриди. Придобивка од овие „зелени“ автомобили е голема. Сепак, еколошките автомобили многу помалку ја загадуваат животната средина.
Германија е една од земјите кои има воведено една ваква програма, но со појавата на цела серија електрични возила VW ID.3. Државата и автомобилската индустрија се договорија да ја рашират оваа програма. тие имаат подобар и поавтоматски процес на производство. Под овие услови, половина од отстапките ќе ги исплаќа државата а останатата половина ќе ја надоместува производителот.
Ваквата пpoгpaмa требаше дa заврши дo ĸpaјот нa 2020 гoдинa, а истата пpeдвидуваше oтcтапĸa oт 4000 eвpа пpи купување на нов eлeĸтpoмoбил и 3000 eвpа за стандарден xибpид cо цeнa пoд 60 000 eвpа.
Но, наместо проектот т.е програмата да заврши таа е продолжена до 2025 година и во неа има значителни потенцијални промени. За хибридните автомобили со цената од 40.000 до 60.000 евра, отстапките ќе се зголемат за 25%, односно вкупната отстапка за електичните автомобили ќе биде 5.000 евра, а за хибридните 3.750 евра.
За поевтините модели, со цена до 40.000 евра, отстапките ќе бидат уште поголеми. Кај електрични автомобили отстапката ќе биде 6.000 евра, а кај хибридните возила 4.500 евра.
Цената за основната верзија на електричното возило Volkswagen ID.3 во Геманија е 30.000 евра и истиот со отстапките од државата ќе може да се купи за 24.000 евра. Додека компактниотVolkswagen e-up кој е со редовна цена од 22.000 евра со отстапките, може да се купи за околу 16.000 евра.