Една од најважните работи за дизајнерите е верно да ги прикажат боите на мониторот. Досега, колорната калибрација мораше да се направи со помош на специјални уреди, а Dell одлучи да им ja олесни оваа работа. Компанијата го направи првиот монитор во светот кој има калибратор на боја. Dell UP2720Q е монитор од 27 инчи и 4K резолуција, кој во себе содржи и колориметар – уред осетлив на светлина кој го мери интензитетот и концентрацијата на боите.
Тој нуди три режими на калибрација – 100 проценти Adobe RGB, 98 проценти DCI-P3 и 80 проценти BT2020, овозможувајќи им на дизајнерите да го максимизираат колорниот гамут и да добиваат прецизни бои за секоја примена.
Мониторот поседува и Thunderbolt 3 порт, кој обезбедува трансфер на податоци до 40 Gbps. Тој може да го полни поврзаиотн лаптоп во исто време додека на него се трансферира видео и дата сигналот.
Мониторот има и опција Picture-by-Picture, која им овозможува на корисниците да го поделат екранот на два дела со различен спектар на бои од различни извори. На овој начин, можат да се споредуваат сликите од вашиот ТВ и телефон и веднаш да забележите разлика во нивните прикази.
Dell UP2720Q ќе биде достапен во продажба од 15 јануари, по цена од 2.000 американски долари.