Роверот со големина на просечен автомобил, наречен Curiosity тргна на Марс на 26 ноември, 2011. година и слета на Црвената планета во август 2012 година. Главна задача му беше да го испита Гејл кратерот, а најголемото откритие го испрати уште во 2013 година, кога утврди дека водата и хемиски компоненти, кои укажуваат на живот на Земјата, некогаш постоеле на Марс. Покрај тоа, на матичната планета веќе некое време испраќа фотографии од своето опкружување и на човештвото му го приближува далечниот свет покриен со црвена прашина.
Последната фотографија е снимена на 1 ноември, на локацијата Central Butte во Gale кратерот, а во прв план се камени формации кои го привлекоа вниманието на геолозите, бидејќи потсетуваат на структури од Земјата. Во позадина се гледа и призор кој на прва потсетува на магла или облак, а всушност се работи за Mount Sharp и ѕидови кои се подигнуваат околу кратерот со дијаметар 154 метри.
Човештвото полека се навикнува на сцените од далечните светови, кои во комбинација со примероците и другите податоци, нудат информации кои пружаат сознанија за други планети, а нудат и потенцијално нови теории за потеклото и времетраењето на светот што го познаваме најдобро.
Поврзани артикли