Со почеток од 27-ми март 2018 година, Скопско Астрономско Друштво го организира редовниот Воведен курс по астрономија 21-ви пат по ред, но оваа година со посебен повод – 20 години постоење и успешна работа на Друштвото!

Целта на курсот е посетителите да се запознаат со основните принципи и факти од областа на астрономијата, без да им бидат потребни предзнаења од оваа наука.

Предавањата ќе се одржуваат два пати неделно – вторник и четврток, во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ) со почеток од 20:00 часот. Курсот ќе започне на 27.03.2018 (вторник).

Повеќе информации на следниот линк.