Веќе некое време има гласини дека Apple може да лансира 16-инчен MacBook Pro. Последната информација што ја имавме беше дека лаптопот треба да излезе на пазарот на крајот на октомври, но тоа очигледно не се случи. Сега, според DigiTimes, Apple се подготвува за лансирање на лаптопот во текот на тековниот квартал.

Од друга страна, не е познато кога уредот точно ќе биде објавен, но во извештајот се наведува дека Apple ќе почне масовно да го испорачува својот 16-инчен MacBook Pro лаптоп со ултра тенки рамки околу дисплејот.

Се очекува дека некои промени на лаптопот ќе вклучуваат промени на тастатурата, која ќе се користи нов „scissor switch“  механизам. Сепак, познатиот Apple аналитичар Минг-Чи Куо неодамна објави дека овие нови тастатури не се очекуваат пред средината на 2020. година.

Засега, сето наведено треба да биде земено со резерва, а повеќе детали за 16-инчниот лаптоп MacBook Pro би можеле да имаме во текот на следните недели.