iPhone 11 Pro не е евтин уред, но неговата цена е вистинска ситница во однос на примерокот што го продава компанијата Caviar.
Caviar е познат по доработување на iPhone уредите, а новата креација наречена iPhone 11 Pro Discovery Solarius е навистина импресивна. На задната страна од уредот се наоѓа луксузен часовник со турбилон, а украсен е со специјален жолт дијамант (Сончев камен).
Овој iPhone „го симболизира вечниот живот што Сонцето и го дава на нашата планета“.
Покрај скапоцениот заден дел, паметниот телефон претставува сосема обичен iPhone 11 Pro. Сепак, цената изнесува 70.340 долари за верзијата со 64 GB интерна меморија, односно 71.520 долари за iPhone 11 Pro Max со 512 MB простор за складирање.
Покрај Solarius, постојат и поевтини варијанти кои ги симболизираат небесните тела, вклучувајќи го и Марс (8.100 долари) и Месечината (Luna, 8.130 долари), а достапен е и оној дизајниран на тема на метеоритот Царев (Terra, 8.260).