Новиот Nintendo Switch кој ќе има подобра батерија е официјализиран денеска во претпродажба. Оваа верзија се нарекува Animal Crossing: New Horizons, бидејќи доаѓа со таа игра, со специјално изработена надворешност на конзолата и со соодветни џојстици.

Овој модел на Switch ќе биде во продажба од 13. март, една недела пред играта Animal Crossing да излезе на пазарот.

Сепак, треба да се истакне дека ова ќе биде ограничена серија на една од најпопуларните конзоли на светот. Љубителите на конзолите и игри, како и професионалците во индустријата за забава се сигурни дека е во прашање нов модел, бидејќи го поседува серискиот број HAC-001(01), кој му одговара на новиот модел.