Паметниот телефон за кој веќе пишувавме, на компанијата која е во сопственост на социјалната мрежа TikTok, ByteDance, сега е достапен за купување. Jianguo Pro 3 е првиот смартфон на ByteDance. Тоа е продолжение на работата на кинескиот производител на телефони Smartisan, а лансиран е на пазарот под покровителство на нивниот бренд.
Како што беше напишано претходно, ByteDance купи голем број патенти на Smartisan, па дури беа ангажирани и некои од вработените во компанијата. ByteDance тогаш помогна да се создаде Jianguo Pro 3 и да се опремени со опции. Очигледно, компанијата не одлучи да го промени начинот на именување.
Корисниците ќе можат да го стартуваат Douyin – кинеска верзија на TikTok, со swipe движење по заклучниот екран, пренесува Abacus. Исто така ќе можат да ги применуваат ефектите и филтрите на TikTok на видеата со која било должина. Значи, иако телефонот сè уште е под брендот Smartisan, ByteDance ќе добие наменски уред и платформа за споделување на своите апликации и функции на нови начини.
Jianguo Pro 3 е во продажба во Кина со почетна цена од 2.899 јуани (околу 412 долари). Доаѓа со чипсетот на Qualcomm, Snapdragon 855+, има до 12 GB RAM меморија, 256 GB простор за складирање и четири камери.
Поврзани артикли