Секој од нас знае дека секој наш клик на интернет останува трајно забележен. Научивме и како компаниите во чие сопствеништво се програмите и апликациите кои ги користиме, го делат секој наш потег на интернет за маркетиншки цели.
Една од компаниите е и Google која на огласувачите им дава до знаење што пребарувате, за да можат да ви „сервираат“ огласи по ваша мерка. Но, дали некогаш ве интересирало што токму Google , знае за вас?
Со само неколку кликови, можете да дојдете до својата Google сметка, и опцијата „ ad settings“ зад која се крие една листа од ваши интереси направена врз основа на вашето пребарување. Ќе ги најдете своите шопинг навики, омилени споротови, дури и информации за тоа колку имате години, дали сте во брак и имате ли деца.
Сето тоа функционира под услов на горе споменатиот линк да ви е вклучена опција за персонализирање на огласите.
Ако нешто од ова ве загрижува, имајте на ум дека сте се согласиле на ова кликнувајќи ги оние фамозни „next,next…next“ во услови на користење.
Иако Google најчесто знае многу за вас, некогаш се јавуваат и грешки, односно има луѓе кои велат дека им одредил погрешен пол или им додал интереси за теми кои никогаш не ги интересирале.
Поврзани артикли