Според пишувањето на бројните руски медиуми, вклучувајќи ја и изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека дивизија на сигурно најдобриот PVO систем на светот S-400 „Триумф“ пристигнал во Србија, се појави и мапата на неговата ефективна зона на покривање.

За време на воената вежба „Словенски штит – 2019“ во Србија ќе бидат распоредени елементи на ракетниот систем S-400 „Триумф“ со голем досег. Засега не се знае точната локација на која ќе бидат разместени овие системи, иако е познато дека заедничка воена вежба ќе се реализира во реонот на аеродромот во Батајница и на полигонот „Пасулијанска ливада“.

Доколку овие системи бидат распоредени на позиции на непосредба одбрана на градот Белград (250 ракетна бригада на PVO на Војската на Србија), прикажана е мапа на зоната на нивно ефективно покривање. Имено, овие системи имаат способност да погодат аеродинамична цел на растојание и до дури 400 км. Ова е овозможено со високо потентната ракета 40N6E, која во класата на врвни PVO системи со голем домет нема конкуренција.

За време на воената вежба „Словенски штит 2019“ со дивизијата на ракетниот систем S-400 ќе биде остварена ефективна контрола врз воздушниот простор над цела Србија со целокупните Косово и Метохија, вклучително и Република Српска. Бидејќи се работи за одбранбен систем од стратегиски формат, во хипотетската агресија на Република Србија, S-400 е во состојба во целост да ги затвори воздушните коридори кои се наоѓаат над поголем дел од Балканскиот полуостров.

Да потсетиме дека рускиот противвоздушен систем С-400 Триумф е наменет за борба против сите модерни и перспективни средства за воздушно-космичко оружје. Неговиот максимален хоризонтален досег е околу 400км, додека по висина делува и до 35км. Формално, во рамките на една дивизија, најчесто се наоѓаат 2-3 батерии од овој систем, со вкупно 8-12 транспортно-лансирни единици.

Значи, една дивизија во својот систем има 48 ракети подготвени за моментно дејство. Целиот ракетен полк хипотетски може да нападне 96 воздушни цели на непријателот, во оперативен борбен радиус до 400 км.