Spotify ја лансираше новата апликација под името Spotify Kids, а замислена е како сигурен простор во рамките на кој децата можат да ја истражуваат и засакаат музиката.

Апликацијата почна со работа на 30. октомври на подрачјето на Ирска, и вклучува околу 6.о00 наслови, од кои секој е внимателно проверен, за да се утврди дали им одговара на детските потреби. Кога станува збор за помладите деца, апликацијата е ограничена на наслови на „Дизни“, песни за диносауруси и приказни за деца, додека постарите деца добиваат и поп-хитови од изведувачи како Тејлор Свифт, Аријана Гранде и Бруно Марс. Песните, секако, пред сè се проверуваат по прашање на јазикот и зборовите што не одговараат на ушите на децата, а дисквалификиувани се и содржините кои пеат за оружје и насилство. Изборот на песни зависи и од регионот во кој се наоѓа корисникот, бидејќи листите се креираат врз основа на она што е популарно во одредена област.

Апликацијата бара претплата на Spotify Premium Family пакет, кој чини 14,99 долари месечно, а Spotify Kids нема реклами, што е опција која е достапна само за корисниците кои плаќаат. Се претпоставува дека сите родители кои веќе имаат сметка на Spotify ќе ја преземат и апликацијата Kids, со цел да им обезбедат на своите деца безбедно опкружување за музички развој, па компанијата очекува успех кога станува збор за новиот детски производ.