Потребите на една канцеларија за непречено работење во денешно време се едноставни. Тоа е така поради достапноста на технологијата, па сè што им е потребно на корисниците се добива со еден клик, а изборот е голем. Со технологијата се појавија и дополнителни алатки кои го подобруваат работењето на начин кој порано не бил лесен или воопшто возможен.

Добар пример за ваква алатка е Office 365 која е базирана на cloud и им овозможува на корисниците едно централно место преку кое целосно гo организираат работењето на нивната канцеларија. Office 365 е всушност модерна канцеларија базирана на cloud, за која не ви е потребна никаква инфраструктура, освен да бидете поврзани на интернет.

Една од многуте придобивки од услугата, покрај веќе познатите апликации како Word, Excel, Power Point е деловната е-пошта, со сопствен домејн кој ќе го содржи и името на вашата компанија. Деловната е-пошта ви помага да имате јасен и организиран приказ на вашата деловна комуникација, календар и контакти.

Корисниците добиваат и можност за организација на својата работа, односно на своите тимови преку посебна апликација Teams, која е многу повеќе од комуникатор -тоа е целосно интегриран центар за тимска работа, со разговори, состаноци, датотеки и апликации на вашите тимови, сè на едно место. Една од главните придобивки со користењето на Office 365 е и можноста за безбедно складирање податоци со големина од 1 терабајт. Вработените можат да складираат, да им пристапуваат и да синхронизираат датотеки во cloud и да пристапуваат од кој било уред или пребарувач.

Главната карактеристика на сите овие алатки е што се базирани или поврзани на cloud. Тоа значи дека сè што работи корисникот не е врзано за неговиот компјутер, па работата може да се продолжи од кој било компјутер или мобилен уред со пристап до интернет. На ова треба да се додаде и еден многу важен факт, а тоа е дека корисниците можат да бидат сигурни оти нивните податоци се во добри раце и воопшто нема потреба да се грижат за тоа.

Office 365 е дел од понудата на Македонски Телеком, со што на нашите компании им се олеснува можноста за имплементација на еден ваков сервис. Тимот на Македонски Телеком е тука за да ги одговори сите прашања кои ги имаат корисниците и да им овозможи поддршка за време на користењето на овие сервиси. Сето тоа доаѓа со едноставната можност за плаќање преку сметката која корисникот веќе ја добива од оваа компанија.