Netflix ги налути филмаџиите со опцијата за забрзување

Netflix наиде на критики од филм-мејкерите за новата функција што им овозможува на гледачите да ги забрзаат или забават нејзините програми и филмови, објави BBC.

Опцијата, која сè уште се тестира, им овозможува на корисниците на мобилни телефони да ја следат нејзината содржина со различни брзини.

Режисерот на Incredibles, Бред Бирд и режисерот на Knocked Up (Нокаутирани) Џад Апатоу беа меѓу првите кои го изразија своето негодување на Твитер.

Апатоу, кој исто така е автор на серијата Love на Netflix, функцијата ја нарече „смешна и навредлива“.

Опцијата им овозможува на корисниците да ја следат содржината на половина од нормалната брзина до еден и пол пати побрзо, а наводно е достапна само за корисници на андроид мобилни телефони.