Се ближи 2020. година, а со неа пристигнуваат нови премиум телефони. Меѓу нив е и Galaxy S11 линијата, за која сега се појавија некои од првите гласини.
За почеток, се очекува дека Galaxy S11 ќе пристигне со Snapdragon 865 и Exynos 9830 чипсет во зависност од пазарот. Секако, ова не изненадува – Snapdragon 865 ќе биде резервиран за Кина и САД, а Exynos 9830 за остатокот од светот.
Во најновата бета Samsung One UI 2.0 бета, компанијата додаде поддршка за Exynos 9830, како и Snapdragon 865. Покрај ова, линиите на кодот откриваат поддршка за функцијата за отклучување низ цртите на лицето.
Во областа на хардверот, откриена е и поддршка за LPDDR5 меморија, UFS 3.0 складирање, како и 5G мрежа. Засега не е познато дали ќе постои 4G верзија или сите Galaxy S11 модели ќе имаат 5G поддршка.
Поврзани артикли